Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски преку неговата официјална Фејсбук страница информира дека во тек се работните активности за асфалтирање на улица „Булевар 1 Мај“.

– На улицата, извршена е реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, а во моментот се врши поставување на нов коловоз во должина од 763 метри. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 17.802.287 денари. Истовремено, се работи и на поставување на ново улично осветлување, за што општината инвестира 2.000.000 денари. Реконструкцијата на „Булевар 1 ви Мај“ е дел од проектот на општина Битола за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“ и истиот е во завршна фаза, пишува тој во својата објава.