За претседател со мнозинство гласови е избрана Виолета Ѓорѓиевска од независната советничка листа, која истакна дека претседателската функција е можност да се придонесе во развојот на Општина Пехчево.-Превземањето на обврските, односно позицијата претседател на Совет или прв меѓу еднаквите ќе ја исполнувам во целост, а довербата која ми е дадена од граѓаните ќе ја оправдам со конструктивна работа, сериозни предлози и добри одлуки во интерес на сите граѓани, рече Ѓоргиевска.
Свечената седница ја почна поранешниот претседател на Советот Николчо Јовчев, а со конститутивна седница, во отсуство на најстариот советник Огнен Миовски, претседаваше советникот Љупчо Костадинов, при што се изврши верификација на мандатот на новите советници кои ја дадоа и свечената изјава.
Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански им го честиташе мандатот на новите советници, а на новиот претседател му порача да работи исклучиво во интерес на сите граѓани.-Честитки до Виолета Ѓорѓиевска, претседателот на Советот на Општина Пехчево, за кој што сум сигурен дека со меѓусебна соработка во иднина ќе имаме само успеси и сите заеднички ќе работиме во интерес на граѓаните, порача Китански.
На првата конститутивна седница беше избран и новиот состав на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.