На дневен ред се избор на претседател и членови на Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки на Советот на Град Скопје, извештајот на Комисијата со верификација на мандатите на членовите и избор на претседател на Советот на Град Скопје.

Според резултатите кои Државната изборна комисија ги објави за Локалните избори 2021, шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје.
Најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ – 18, потоа следуваат СДСМ – 12, ДУИ – пет, Левица – четири и по две советнички места имаат Алијанса за Албанците и Алтернатива, ЛДП/ДОМ и Зелен хуман град.
Советот има 45 места, а за мнозинство се потребни 23 советнички места.