Од друга страна, во текстот објавен од британското претседателство со КОП26 не се споменува конкретен механизам за компензација на „загубите и штетите“ кои најсиромашните земји веќе ги претрпеле, а и понатаму се изложени на ефектите од глобалното затоплување.
Конференцијата КОП26 требаше да заврши вчера, но не беше постигнат договор за конечната декларација.
По објавувањето на новата верзија на текстот, за денеска е предвидена нова пленарна седница на која ќе се слушнат ставовите на различни групи.
Велика Британија како претседавач со конференцијата изрази надеж дека средбата ќе биде завршена во текот на денот.
Британскиот премиер Борис Џонсон вчера во Глазгов изјави дека не може се да се реши на конференцијата за климата, но барем може да се почне со решавање