Екс-вицепремиерот во бегство од декември 2024 година е виден во придружба на две деца

Извор за „Косова прес“ наведува дека поранешниот вицепремиер Артан Груби бил забележан во Приштина вчера попладне, откако подолго време е во бегство.

Според медиумот, Груби, кој е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави, се преселил во област недалеку од центарот на косовскиот главен град. Изворот наведува дека тој носел зимска јакна, спортска облека и капа, и пуштил брада.

Покрај Груби, македонската полиција сè уште го бара и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами.

Истрагата против Груби започна на 16 декември 2024 година, кога Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори постапка за сериозни злоупотреби со тендери во „Државна лотарија“. Оттогаш се дозна дека тој ја напуштил земјата, а официјални информации за неговото моментално местоположба сè уште нема.