Косово лежи на голем рударски потенцијал кој тежи милијарди евра и затоа светски рударски комбинати сакаат да ги експоатираат нивните рудници.
Како примемер, резервите на јаглен изнесуваат милијари тони.
Во Косово и Метохија се експлоатираат руди од олово, цинк, сребро, злато, никел, алуминиум (боксит), хром, магнезит, азбест, каолин, минерални суровини за градежни материјали, термоминерални води и јаглен.
Регистрирани се и индиум, германиум, галиум, талиум, кадмиум, калај и др.
Најбогати рудници се Трепча, Стари трг, Ново брдо, Кишница, Бело брдо, Ајвалија, Бадовац, Црнац и др. Тие за десетина години произвеле околу 102 милиони тони полиминерални руди на олово, цинк, сребро, злато, кадмиум, бизмут.
Само ископаната руда во Стари трг содржела околу 2,1 милиони тони олово, 1,4 милиони тони цинк и околу 3.250 тони сребро. Во однос на дистрибуцијата и количините, најважен ресурс е јагленот, кој се шири под околу 60 отсто од територијата на Косово.
Проценетите геолошки резерви се 12,5-14 милијарди тони, или изразени во нафта како енергетски еквивалент од 2,37-2,65 милијарди тони.