Албулена Хаџиу испратила барање до македонските власти во август 2024
Косовската министерка за правда, Албулена Хаџиу, упатила официјално барање до македонското Министерство за правда за трансфер на петмина осуденици за случајот „Диво Насеље“, меѓу кои е и нејзиниот зет Мухамет Красниќи, објави порталот Папараци. Според информациите, писмото било испратено уште во август 2024 година, но македонските власти до денес не го одобриле трансферот.
Барањето се однесува на префрлување на затворениците во казнено-поправни установи во Косово, под надлежност на Министерството за правда на оваа земја. Покрај Красниќи, кој е осуден на доживотен затвор, трансфер е побаран и за Бајрам Елшани, Бек Бајра, Бетим Кабаши и Деме Шеху. Тие беа дел од групата обвинета и осудена за терористичкиот напад во скопското предградие Куманово во мај 2015 година.
Молчeње од двете страни, трансферот сè уште не е одобрен
И покрај тоа што од поднесувањето на барањето помина речиси една година, надлежните институции на Македонија не ја одобриле иницијативата. Министерствата за правда на двете земји одбиваат да ја коментираат содржината на комуникацијата, како и евентуалниот исход од побараниот трансфер.
Случајот „Диво Насеље“ останува едно од најконтроверзните безбедносни прашања во поновата историја на државата, а обидите за префрлување на осудените терористи во друга држава дополнително ја вжештуваат јавната дебата.
Една деценија од оружената пресметка во „Диво Насеље“
За потсетување, поминаа десет години од оружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015. Тогаш загинаа осум припадници на безбедносните сили. Прочитајте повеќе од веста во продолжение:
„Хероите живеат вечно“: Една деценија од оружената пресметка во „Диво Насеље“