Пратениците од владеачката партија Самоопределување и малцинските партии, кои се дел од владеачката коалиција, гласаа за разрешувањето.
За пратениците од опозициските Демократска партија на Косово, Демократски сојуз и Алијанса за иднината на Косово, кои гласаа против, одлуката на власта да го разреши Бордот на директори е политичка и обид за „окупација на државата“.
Косовскиот Парламент на вчерашната седница не го прифати извештајот за работата на РТК за 2020 година.