Актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов, кого партијата СДСМ не го кандидираше за кандидат на претстојните локални избори подготвува независни советнички листи. Во меѓувреме револтиран од СДСМ, тој го замрза членството во партијата.
Поради растечкиот интерес и секојдневните пораки за можноста за независна кандидатура за градоначалник, сметам дека е чесно и одговорно прво да го консултирам токму народот – вие што живеете, работите и сонувате тука.Од разговорите со вас, здруженијата, месните заедници и луѓето што не се плашат да го кажат своето мислење, произлезе иницијатива за две независни советнички листи, напиша тој на социјалните медиуми.
Нема мали или големи луѓе кога се работи за голема идеја. Без разлика дали сте лекар, бизнисмен, земјоделец, професор, нотар, уметник, пензионер, ученик или чистач – ако имате идеја, визија и желба за подобра Струмица, ве повикувам да ми се јавите, порача Костадинов.