-Ги повикувам граѓаните да излезат во што е можно поголем број, да излезат и да го реализираат своето гласачко право. Локалните избори ни се важни и на нив носиме одлука кои советници ќе ни бидат во Советот на општината и секако кој ќе биде идниот градоначалник на општина Струмица, рече кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов .
Костадинов: Локалните избори ни се важни
К
Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, по гласањето во Струмица истакна дека позитивната и фер кампања што ја водел тој ќе мотивира што поголем број на граѓани да излезат на гласање.
