ВМРО-ДПМНЕ победи во Струмица по цели две децении. Кандидатот Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нов градоначалник, а меѓу првите честитки беше и таа од актуелниот градоначалник Костадин Костадинов. Костадинов во последен момент беше извисен од партиското членство и тој не доби поддршка од партијата да ја води општината уште еден мандат. Таму, кандидат на СДСМ беше Марјан Даскаловски кој доживеа дебакл.
Го пренесуваме статусот на Костадинов.
Честитам на победата на идниот градоначалник на Струмица, Петар Јанков и ВМРО-ДПМНЕ.
Посакувам да има успешен мандат, многу храброст и мудри одлуки кои ќе придонесат за развој и континуитет на нашата Струмица.
Искрено сум благодарен на сите мои сограѓани кои во изминатите години ми ја давале својата поддршка во сите изборни циклуси во кои директно сум учествувал и победувал. Вашата верба и доверба ќе останат мој поттик и водилка низ животот, мотив да одам напред и никогаш да не застанам.
Благодарам и на членството на СДСМ, на сите мои искрени другари со кои сме биле и мора да бидеме рамо до рамо и понатаму!
Токму вашата доверба ме направи да бидам политичар кој нема изгубено избори.
Моја Струмицо, од срце те сакам. ❤️
Продолжуваме, напиша Костадинов