Преродба ги обвинува властите за корупција и надворешнополитички пораз

Лидерот на ултранационалистичката партија Преродба, Костадин Костадинов, повторно упати жестоки критики кон бугарската политичка елита и побара итна оставка на Владата. Тој обвини за поради како што рече, „поразот од Република Северна Македонија“ и усвојувањето на Предлог-извештајот за напредокот на нашата земја кон Европската Унија.

„Бугарскиот предлог не доби поддршка“: Извештајот за Македонија помина во Комитетот на ЕП

Според него, овој развој на настаните претставува „национална катастрофа“ на надворешен план.

Оставката на Кирил Петков како „симптом на болеста“

  • „Фактот дека лидер како Кирил Петков поднесе оставка е симптом на болеста што ја труе и малтретира целата земја, а тоа е корупцијата“, изјавил Костадинов, пренесуваат бугарските медиуми.

Во својот говор, Костадинов не се задржал само на Петков, туку директно ги нападнал и другите политички фигури, барајќи целосна трансформација на бугарската држава.

  • „Во последните денови видовме она што го гледаме во изминатите 35 години низ цела Бугарија. Крајно време е за оставка на целата политичка елита, за нови избори и за повторно основање на бугарската држава“, додал тој.

Обвинувања и кон Борисов, Пеевски и останатите

Според контроверзниот лидер, истите критики важат и за поранешниот премиер Бојко Борисов, како и за Делјан Пеевски и други личности од политичката сцена, вклучувајќи и дел од опозицијата.

(ФОТО) Бугарските политичари во паника бараат оставка од нивната влада по дипломатската победа на Македонија во Брисел

Тој смета дека целата политичка структура е срушена одвнатре од корупција и треба да се рестартира.

  • „Најдоброто нешто што може да се случи во овој момент, особено со земјотресите во Бугарија откако, за жал, претрпевме многу сериозен надворешно-политички пораз од Република Северна Македонија, најдоброто решение е оставка на Владата и нови избори“, заклучува Костадинов.

Неговата изјава доаѓа во период кога Бугарија се соочува со внатрешна политичка нестабилност, засилена со надворешен притисок поради европската агенда и балканската интеграција.