Сотир Костов, политички аналитичар во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за целата ситуација во државата поврзана со разговорите околу Уставните измени помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и јасно посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став за тоа, а СДСМ секојдневно го менува својот став односно се дезиориентирани, пренесува Курир.

-Според мене разговорите не се замрзанати, туку ставовите на едната страна се многу јасни, а на другата од ден во ден се менуваат зависно од маката што ја имаат, тука мислам на луѓето од власта, па и малку се дезиориентирани, рече Костов и додаде:

-Лидерот на опозицијата беше многу јасен, од денес постои само едно прашање, прашање на предвремени избори. Костов во текот на своето гостување укажа дека целата ситуација со промена Уставните измени и промена на Уставот не е едноставна работа и се гледа дека нема никакво придвижување во позитивна насока. Не е така едноставна работа за да се случат Уставни измени и да се направи промена на Уставот. Се работи за нација која неколку пати е изигрувана и на меѓународниот фактор но и домашните фактори кои биле на власт и лично мислам без експертската јавност, без експерите на големото Уставно право. Оваа работа не оди, се гледа и воопшто нема да оди, додаде Костов.