Тој нагласи дека негови приоритети за развој на Општина Бутел се следниве :

-Новата општинската зграда веднаш ќе ја понудиме како нова поликлиника , се додека не изградиме нова поликлиника кај старата амбуланта, а во делот на просторот за изградба на згради покрај булеварот ,, Христијан Тодоровски – Карпош,, ќе изградиме нови паркови, истакна Костовски.

Тој посочи дека покрај изградба на нова поликлиника, и уредувањето на парковите , трет клучен проект ќе биде уредувањето на кејот на реката Серава. Пред се ќе се исчисти коритото на реката а потоа во потегот на Бутел 1, Кучевишка Бара и Радишани ќе се направи патека за пешачење и џогирање, со осветлување, клупи, канделабри и корпи за отпадоци.

-Предвидена е и индустриска зона на територијата пред гробиштата Бутел, за лесна индустрија, каде што главна цел со ова е привлекување на инвеститори и отворање нови работни места, рече Костовски.

Тој додаде дека планирано е и ново училиште во Визбегово, како и изградба на две нови градинки во Бутел и приклучување кон градската водоводна мрежа на селата Љубанци и Љуботен.