Трифун Костовски во реакција на соопштението на Здружението на оштетни штедачи од Еуростандард банка наведува дека ја поддржува иницијативата за преиспитување на одлуката на Уставниот суд со која, како што наведува на Фондот треба да му се одземе правото за наплата од севкупната стечајна маса на средства.

-Ако и малку имате доблест во себе, ова посебно се однесува на вашиот прв човек во вашето здружение, тогаш ќе прекинете со нападите врз мене и моето семејство за стечајот на Еуростандард банка. Сакале вие или не, ние сме на иста страна. Се борам за вашето, ама се борам и за своето. Доколку оваа порака ја сфатите најдобронамерно, ќе ви бидам благодарен, а и доколку не ја сфатите, тогаш терајте по вашиот пат. Ја поддржувам иницијативата за преиспитување на одлуката на Уставниот суд со која на Фондот треба да му се одземе правото за наплата од севкупната стечајна маса на средства. Бидете убеден молчат, бидејќи по наши пресметки имаат доволно пари да ги обесштетат сите правни и физички лица, вклучително и нас акционерите, наведува Костовски.