Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на својот Фејсбук профил најави изградба на нов плоштад во општината.

Новиот плоштад на територијата на општина Бутел ќе го носи името „Слобода“.

Плоштадот кој со видео презентација го најави Костовски, ќе биде изграден позади општинската зграда, во линија со основното училиште „Живко Брајковски“.