Општина Бутел отстрани бесправно изграден објект во Скопје Север. Градоначалникот Дарко Костовски јасно порача дека никој не е над законите на Република Македонија. Посочи дека ова беше децениски и многу голем проблем на граѓаните од ова населено место.
„Узурпаторите покрај тоа што го прекршиле законот, имале исклучително лош однос со населението.
Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки.
Јас работам во интерес на моите сограѓани, постапувам и сум на страна на чесните луѓе.
На ова место по отстранувањето ќе изградиме нов парк и ново урбано катче за жителите од Скопје Север.
За мене додека сум градоначалник сите граѓани ќе бидат исти и еднакви“, напиша Костовски!