– Со новиот Управен одбор, на чело со Горан Трајковски ние имавме буквално куче-трагач по пари. Се уплашија некои луѓе, бидејќи парите како сакате кажете се тука во Македонија. Лошите пласмани се математички направени да бидат лоши пласмани. Од лошите пласмани се случуваше месечно да наплатуваме по 2 и пол до три милиони евра на месечно ниво со принудна наплата. Кога видоа дека заздравувањето на банката оди многу брзо се уплашија дека нешто ќе биде. А дека сме биле дел од една голема банка со која си играа пинг-понг со нас како што сакаа тоа е факт, обвини Костовски.
Тој појасни дека таа голема банка од која што Еусростандард била дел е Коменрцијална банка и дека немале соработка со ниту една друга банка. Исто така Костовски посочи дека Комерцијална банка не ја спасила Еуростандард и дека секојпат за она што го давала тој давал хипотеки коишто биле двојно повисоки.
– Ако Хари Костов имал искрени намери да помогне, да не оди банката во стечај, се знаеме три децении, ќе ме викнеше на едно кафе да ме праша – Трифун што можеме да направиме. Тоа не се случи. Мој длабок впечаток е дека јас сум жртвено јагне, бидејќи има информации во коишто ние неколкупати сакавме со цел да ја докапитализираме банката да продадеме поштенска банка. Имаме информации дека одредени структури во Комерцијална банка кадешто беше хипотеката на тие евентуални купци им вика – чекајте полека, ние ќе ви ја продадеме поевтино. Нека се и 50 и 20 посто вистинити, тука говори за нешто нечесно, смета бизнисменот.
Следете во живо на следниот ЛИНК.