„Ќе се обидам за општина Бутел да се слушне во целиот регион, како една мала општина во Македонија, напредува брзо, енергично и истата да стане пример за сите останати, посочи Костовски на митингот во Бутел. Веднаш откако ќе ја добијам вашата доверба и станам градоначалник ќе ја отстапам општинската зграда за поликлиника и веднаш за разлика од Смилевски кој нанесуваше срам и лаги, ќе ги натерам бутелчани да ја видат разликата помеѓу мене и него, а ќе обидам општина Бутел да стане модерно место за живеење“, истакна Костовски.

„Ова беа четири години во кои ништо не се изгради, во кои криминалците ни ја водат општината, во кои имаме дилема дали Смилевски е шефот на криминалците во Бутел или криминалците се негови шефови, четири години со филмски убиства и престрелки, а општината стана синоним за најнебезбедна општина, општина во која криминалците се заштитени, но сакам да им порачам дека така ќе биде само до 17-ти, затоа што потоа општината се враќа на народот“, продолжи Костовски.

„Доста беше од лаги, ви гарантирам нова иднина за Бутел, ви гарантирам дека се што ќе ветам ќе исполнам, ветувам нова поликлиника, а општина Бутел ќе добие нов Олимписки спортски центар кој ќе раѓа нови шампиони, нови две градинки за решавање на проблемот со запишување на дечињата, општина Бутел за разлика од зградите на Смилевски ќе добие два нови паркови, истакна Костовски.

Посочи, исто така, дека општина Бутел ќе добие нов модерен плоштад и културен дом кај полициската станица која ќе се дислоцира во Расадник, Костовски рече дека кејот на реката Серава ќе добие целосно нов лик, општината ќе добие нова полициска станица и нов противпожарен пункт, а Љубанци и Љуботен ќе добијат вода за пиење и сите услови за живот.

„Населените места Кучевишка бара и Бел камен ќе добијат фекална канализација за која Смилевски ги лажеше четири години, а потоа квалитетен асфалт, а Бутел ќе добие и две нови индустриски зони за привлекување на инвестиции и отворање на нови работни места за младите, Визбегово ќе добие ново училиште“, истакна Костовски.

Најави менување на дотрајаните кровови на зградите, асфалтирање на сите улици и многу други темелни проекти, од сеопфатната програма за која гарантираше дека ќе исполни.