Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Бутел од денеска ја реализираат големата пролетна работна акција на територија на општина Бутел.
Екипите координирано до 26.04 до 29.04 ќе спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетените коловози, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици.
На следниве локации ќе бидат поставени пунктови за собирање на кабаст отпад:
1️⃣. Скопје Север – кај Стокомак
2️⃣. Бутел 2 – на платото кај џамијата
3️⃣. Помеѓу прв и втор влез во Радишани
4️⃣. Спроти црквата Св.Јован кај трансформаторот во Бутел 1
5️⃣. Радишани кај поранешна Олимпија
6️⃣. Последна 57 Радишани
7️⃣. Визбегово веднаш до црквата
Во големата пролетна работна акција во општина Бутел на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Водовод и канализација и Улици и патишта.