Добро познатата професорка, Наташа Котлар-Трајкова која нема кој не ја знае по нејзините ставово во одбрана на македонското прашање, и која на престојните локални избори ќе се трка како независен кандидат за скопската општина Центар вели дека во целиот нејзин образовен процес и воопшто во животот чекорела сама, и се што постигнала до сега е резултата на нејзината макотрпна работа.
Таа, во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа истакна дека токму тоа и ја охрабрила да не се плаши од предизвикот самостојно и независно да се трка во битаката за општина Центар.
„Се она што јас успеав да го постигнам и во образовната свера, па и во професионалната, тоа е резултата на мојот личен ангажман, на мојот труд. Јас сум и така образована и така дома воспитана, дека само со труд може да се постигнат одредени работи, а мојот татко имаше обичај да каже од страв се бега ама од страм не се бега. Ако јас се образував бидејќи имам длабока почит кон она што преставува македонска наука, тргнувајќи точно од тоа си дадов пред себе си една задача дека ако јас навистина потекнувам од таа свера, тогаш редно е јас тоа така и да го направам, бидејќи зад мене никогаш не стоел зад мене за да ми го поќаже патот. Човек ако е навикнат сам да се бори во животот тогаш нема за што да се плаши за следните чекори“, рече Котлар која додава дека себеси се доживува како високо квалификуван работник и ништо повеќе од вреден работник.
Таа појасни дека, ние сите во моментов сме заложници на една класа на луче кои во моментот раководат со државата како на централно така и локално ниво, кои немааат никаква историска, културна, национална надразба, луѓе кои ги интересираат единствено економските придобивки и можности.
Во однос на нападите кои во последен периот и ги упатуваат политичките опоненти, пред се од страна ан владејачката СДСМ, Котлар истакна дека тоа е страв, несигурност и рефлексија на нив самите.
„Во мојот свет на науката ако немате соодветни аргументи да се спротиставите на својот научен соперник, тогаш гледате да алудирате на определени лични навреди, а тоа пак ве девалвира како научник. Така и ова го доживувам. Ако не можете да изразите соодветни политички ставови и се занимавате само со личноста на еден човек, тоа говори грдо за вас“, истакна Котлар.