Затоа уште веднаш ќе започнеме со градба на два подземни паркинзи во Дебар Маало и Пролет за вкупно 400 возила. Ќе има и места за оставање на велосипеди и полначи за електрични возила.
Горната површина ќе биде послана со тревник за разни содржини. Надземните гаражи ветени од конкуренцијата фаќаат простор. Често се пренаменуваат и не го озеленуваат Центар.
Подземните паркинзи изградени за Градски ѕид сега се нефункционални и запуштени. А, замислете има вкупно гаражи за 800 возила. За да ги оспособиме ќе субвенционираме врати на далечинско управување, а осветлувањето и исфрлувањето на шутот ќе бидат целосно на товар на Општината.