Преку проектот „Спас за Центар“ ќе го решиме урбаниот хаос во најурбаната општина во Град Скопје, Општина Центар затоа што во моментов има несоодветни и непрофесионални детални и генерални урбанистички планови кои ги констатира и стручната фела, вели професор д-р Наташа Котлар-Трајкова, кандидат за градоначалник на Општина Центар, од коалицијата „Обнова на Македонија“.
Таа во дебатната емисија „Објектив“ на јавниот сервис МТВ која вечерва беше посветена на Општина Центар на која присуствуваа и останатите кандидати, истакна дека, потекнувајќи од научната фела, таа го цени мислењето на стручната фела која констатира дека, посебно деталните урбанистички планови во Центар создаваат и генерираат проблеми за целокупното живеење на граѓаните кои не нудат соодветни содржини.
– Спас за Центар се однесува на урбаниот хаос. Независно на тоа што јас потекнувам од сверата на науката и сакам да го слушнам мислењето на стручната фела и според нивните објави забележано е дека, фактички, во моментот има непрофесионално и несоодветно и ГУП и ДУП-ови во однос на Општина Центар. А, особено деталните урбанистички планови кои создаваат или генерираат проблематики во однос на квалитетот на живеењето, не претставуваат здрава или пак квалитетна општина која што нуди соодветни содржини, истакна Котлар-Трајкова.
Таа додаде дека она што го предизвика урбанистичкиот и сообраќаен хаос во Центар е непочитувањето и непридржувањето до законските регулативи, особено Законот за просторно и урбанистичко планирање, за што уверува дека во нејзин мандат како градоначалник, доколку ја добие поддршката од граѓаните, во целост ќе се почитуваат сите законски регулативи.
– Она што може да се детектира е непридржувањето кон законската регулатива, односно Законот за просторно и урбанистичко планирање, нема придржување кон правилата на постапка околу содржината, формата и начинот објектите и нивната изградба. Исто така не е соодветно третинар законот кој што пропишува определени стандарди во однос на заштитата на живеењето, на животната средина, сообраќајниците. Во делот на Центар имаме такви улици над кои се надвиснати станбени згради, а не можат да поминат амбулантски возила или противпожарни возила. И во таа насока ние се определивме да практицираме едно динамично урбанистичко планирање, порача Коплар-Трајкова.
Таа додаде дека администрацијата на општината во нејзин мандат, преку разни проекти и програми, посебно ќе се заложи за вработување, односно за намалување на невработеноста кај младата популација.
– Во однос на вработувањето насочено кон младата помулација која што е образована и способна, во во нашата програма постојат програми кои ќе ги вклучат во живеењето и по пат на активно кариерно професионално ангажирање, рече Котлар-Трајкова.