„Кога се работи за зголемување на цените, знаете дека цените може да бидат зголеми и преку ноќ, па сега кога се работи за намалување исто така може да биде направено“ одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање за барањето на претставниците од стопанските комори за подолг рок за намлување на цените.

Тој додаде дека сите маркети работат со дигитални алатки и софтвери што им го овозможуваат брзото менување на цените и рече дека Владата, Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат им се достапни за помош и разговор.

Премиерот на денешната прес-конференција соопшти дека на листата со гарантирана цена влегуваат влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото, како и дека се ограничува трговската маржа за свежото овошје и зеленчук.

„Апелирам до трговците и до големопродавачите да ги почитуваат мерките, а граѓаните како и вие медиумите за сите неправилности да алармирате до Државниот пазарен инспекторат за ажурно и ефикасно спроведување на мерката“ рече Ковачевски и додаде дека Владата и престојниот период ќе продолжи дијалог со стопанските комори, работодавачите, синдикатите, бидејќи нивната намера е да се поддржи стопанството и да овозможи квалитетен живот на граѓаните.