Ковачевски да распише избори, по поразот во Тетово, тој веќе нема кредибилитет да ја води владата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ 2:1 во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ освои 4, а СДСМ 2 советнички места.

Во Тетово е победено и ДУИ. Владејачката коалиција е убедливп поразена во Тетово.

Резултатот од Тетово ќе се преслика и како резултат на парламентарните избори. СДСМ го очекува дебакл, и црвен картон од народот за сите лоши политики во изминативе 5 ипол години.

Ковачевски да не чека ниту ден, со секој поминат ден на власт на СДСМ, Македонија губи.

Време е Македонија да тргне напред. Ковачевски охрабри се. Оставка веднаш, стои во соопштението на партијата.