Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе положи цвеќе пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“ на платото пред УКИМ.
-На 20.05.2022 година (петок) во 12:00 часот по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј”, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј на платото пред УКИМ, се вели во владиното соопштение.