Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во Љубљана денеска се сретна и со вицепремиерката во Владата на Република Словенија и министерка за надворешни и европски прашања, Тања Фајон.
На состанокот се поздравени државничките политики на Владата на Република Северна Македонија во правец на реализација на европските перспективи на државата, што е оценето како значаен придонес и во регионалната и европската стабилност.
Во таа насока, е пренесена силна поддршка за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, со изразено охрабрување за Република Северна Македонија во насока на ново придвижување во евроинтеграцискиот процес и фокусирајќи се на правење конкретни чекори во преговарачкиот процес и одржување на актуелниот реформски моментум.