Денеска премиерот Ковачевски и собранискиот спикер Џафери поднесуваат оставки. Полека се крои новиот состав на Илинденска број 2.
Веќе в сабота народните избраници ќе го бираат новиот претседател на законодавниот дом. Најдоцна до недела на полноќ треба да биде изгласана техничката влада.
Новиот претседател на Собранието ќе биде избран во петок на 26 јануари во петок. На ова место ќе биде Јован Митрески од редовите на СДСМ и токму тој ќе го извести претседателот на државата Стево Пендаровски околу доделувањето на мандатот.
ВМРО-ДПМНЕ вчера ги соопшти имињата на кандидатите за министри и заменици во техничката влада
Панче Тошковски ќе биде министер за внатрешни, Ѓоко Велковски за труд и социјала, дополнителен-заменик министер во финансии Елена Петрова, за информатичко општество Стефан Андоновски, за земјоделство Цветан Трипуновски.
Партијата остана на ставот дека ќе учествува во техничката влада, но, нема да гласа за неа.
Веќе има шпекулации, а според некои информации дури е и потврдено дека Маричиќ на местото на Груби ќе биде прв вицепремиер во техничката влада на Џафери.
Маричиќ на местото на Груби ќе биде прв вицепремиер во техничката влада на Џафери
Оваа влада ќе функционира 100 дена, до парламентарните избори кои ќе се одвиваат на 8 мај.