Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов кој при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје даде изјава која содржи територијални претензии кон Република Северна Македонија.

– Министерството за надворешни работи веднаш реагираше, а исто така и министерката за култура тоа го осуди. Исто така и јас сакам да го осудам. Навистина непримерно е човек којшто е дојден како гостин во оваа држава да се однесува на таков начин. Вчера ние имавме чин на отворање на Бугарски културен центар така како што личи во Скопје со министер за култура дојден, со нашиот министер за култура, на ист начин како што сум кажал дека и ние ќе отвориме Македонски културен центар во Благоевград каков што имаме отворено и во Софија, рече Ковачевски при денешната посета на фабриката „Брилијант“ во Штип.

Дополни дека такви политичари воопшто не се пожелни во нашата држава.