Премиерот Димитар Ковачевски на обраќање на медиумите кажа дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да се вклучи во процесот за членство на земјата во ЕУ, пренесува Tv21.mk.
„Граѓаните не сакаат да одат во Казахстан, Узбекистан, туку во ЕУ. Затоа што таму има социјална правда, има владеење на демократија, и тоа го сакаат нашите граѓани. Тоа го сакаме и ние. Со овој процес обезбедуваме влез во ЕУ, и нема да престанам да го повторувам тоа дека ЕУ има голем ефект на економскиот стандард. Примери Словачка, Чешка, Романија, Унгарија, никогаш не можеше да се замисли наши граѓани да одат да работат таму, но со влезот во ЕУ се зголемија нивните плати, нивните инвестиции, странски директни инвестиции, и многу други поволности“, рече Ковачевски.