Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, се повеќе пратеници му откажуваат лојалност, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Девет пратеници од СДС не подржуваат уставни измени. Тројца пратеници од 1 и 2 ИЕ не се согласуваат со ваквите уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста сметаат дека гласањето на уставните промени е најлошата работа која може да ја направат СДС.
Ниту пратеници од СДС не му се плашат на Ковачевски, и во СДС има луѓе кои се свесни за штетните анационални политики на ова раководство.
Дека Ковачевски нема поддршка од своите пратеници говори и фактот што не успеале заложбите да се направи документ дека сите пратеници ќе ги гласаат уставни измени како и тие да се формулирани, поради противење на горе споменатите пратеници.
СДС и ДУИ се движат кон ќорсокак.
Наместо Ковачевски да ја држи цела Македонија во заложништво, треба да го распушти Собранието и да одиме на предвремени парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја преброди кризата, кој се темели на три столба, за кој се потребни првин избори и промена на власта, стои во соопштението на партијата.