Премиерот Димитар Ковачевски, на заедничката прес конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази надеж дека партиите коишто се против промената на Уставот ќе покажат, како што рече, дека се за европска иднина на државата, бидејќи, како што додаде, сега имало отворен прозорец за пристапување кон Европската Унија.
„Јас се надевам дека оние, коишто секогаш во историјата биле против европските и атлантските интеграции на државата конечно, за првпат во своето политичко постоење, во Парламентот ќе покажат дека се за европска иднина на државата“, рече Ковачевски.