Од повозрасните може многу да се научи. Тоа ми се потврди и низ денешниот разговор со пензионерите, наши сограѓани од Ѓорче Петров, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.
Во време на криза, пишува тој, наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите.
– Затоа и ги зголемивме пензиите, и се осигуравме дека и понатаму ќе растат. И затоа за нив има директна финансиска поддршка додека трае оваа тешка зима. Пензионерите заслужуваат достоинствено да ги поминат пензионерските денови, сите ние сме нивни деца, објави премиерот Ковачевкси на фејсбук.