Се заблагодари на сите кои гласаа за него. Ковачевски изјави дека програмите на Јован Деспотовски и Фросина Ременски ќе ги збогатат реформите во партијата.

-Од утре мора да ги засукаме ракавите, и да се фатиме со работа. Наша одговроност е се што се случува во партијата, но и државата, рече тој.

Тој му се заблагодари на Зоран Заев кој досега раководеше со партијата.

-Лично сметам на трудот на секој еден социјалдемократ, на секој еден граѓанин, изјави Ковачевски.

Тој го пофали Заев дека го обединил СДСМ, и победил режим, но носел и храбри одлуки.