Цените кои ќе се земат како референтни најверојатно ќе бидат оние од 1-ви август врз кои ќе се прави замрзнувањето и намалувањето за десет отсто.

Анализите покажале дека најголем скок цената на храната имала после овој датум, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Средбите со засегнатите продолжуваат и денеска.

Министерот Крешник Бектеши денеска на состанок со дистрибутерите во земјава. Најавени се мерки и за нив меѓу кои најверојатно ќе има условување во количините со цел да не се дојде до ситуација одредени производи да ги снема на пазарот.