Тој потенцираше дека СДСМ во изминатите седум години успешно се справи со здравствената, енергетската и економската криза и донесе тешки, но важни одлуки за подобра и просперитетна иднина на државата.

„Изминатите неколку години носевме тешки, но исправни одлуки. Разговаравме и разговараме со граѓаните, на терен сме, нѐ гледате и мене и нашите кандидати за пратеници. Свесни сме за грешките што ги направивме, но и свесни сме дека сето ова беше една лекција од која извлековме многу поуки. Тешките одлуки значеа многу политички компромиси и хируршки прецизно водење на процесот за зачленување на Македонија во НАТО”, рече Ковачевски.

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да дадат поддршка за кандидатите на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

„Само така, сите заеднички, ќе зачекориме кон европска иднина за Македонија, европска иднина за нашите деца”, порача Ковачевски.