Со секоја нова средба на членките и пријателите на Отворен Балкан обезбедуваме посилна соработка, олеснета комуникација и подобри услови за развој на економијата, напиша утрово на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

-Денес започнува Самитот на Отворен Балкан на кој склучуваме нови соработки во областа на туризмот, културата, образованието и царинскиот проток. Сите тие се од огромно значење за компаниите и граѓаните од регионот. Со секоја нова средба на членките и пријателите на Отворен Балкан обезбедуваме посилна соработка, олеснета комуникација и подобри услови за развој на економијата. На мое големо задоволство на овој самит гости ни се и Црна Гора и Босна и Херцеговина кои верувам дека во иднина ќе станат дел од оваа успешна иницијатива, напиша Ковачевски на Фејсбук.