Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за „Локално“ посочи дека е исклучително горд на она што е постигнато во неговиот прв мандат како премиер на Владата предводена од СДСМ.

-Имаме сериозно висок процент на реализација на програмата, сработевме навистина многу. Имаше многу големи предизвици, многу непознати и нови ситуации, војна која никој не ја очекуваше и која комплетно го смени фокусот и пристапот на работа, но не нѐ одврати од зацртаните цели и пат. Кризата ја претворивме во можност., истакна Ковачевски

Претседателот Ковачевски посочи дека СДСМ и Владата која ја предводеше тој и во услови на сериозни турбуленции не отстапи од спроведување на политиките засновани на европските вредности и не се откажа ниту од исполнување на стратешките цели.

-Успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните, ликвидноста на компаниите, да создадеме услови за економски развој, за нови и подобро платени работи места. И покрај сите предизвици, опстоивме на нашите ветувања и спроведување на нашите политики за подобар живот, стандард на граѓаните и раст и развој на компаниите. Минималната плата денес е 100% зголемена, просечната пензија пак е зголемена за 50% и тие континуирано ќе растат. Просечната плата е над очекувањата и е речиси 39.000 денари – нешто што за многу луѓе беше незамисливо дека ќе се случи само до пред неколку години, посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски во интервјуто се осврна и на намалената невработеност која денес за прв пат е под 13%, за разлика од 2016 година кога беше 25% невработеност во државата. Претседателот Ковачевски воедно посочи дека само во една година во земјата има зголемена вработеност и нови 10.000 вработени.

Воедно, претседателот Ковачевски го истакна фактот што енергетската криза во која се наоѓаше државата, Владтаа која ја предводеше тој ја претвори во можност:

„Енергетската трансформација на земјата истот така започна во мојот мандат и за на тоа сум исклучително горд. До 2016 година, за целиот мандат на претходните сите влади во државата, земјава имаше инсталирано вкупно 16 мегавати обновливи извори на енергија. Од јануари 2022 до крајот на мојот прв мандат издадени се над 600 лиценци за централи за обновливи извори на енергија, со што денес имаме инсталиран капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија со која се снабдуваат 166.000 семејства. Со овие правилни политики, ја вративме евтината тарифа на електрична енергија од 13 до 15 часот со што домаќинствата заштедуваат и до 1.000 денари месечно, посочи Ковачевски

Како едно од најважните достигнувања, претеседателот Ковачевски го посочи и отпочнувањето на преговорите со Европската Унија: „После 17 години чекање, во мојот мандат ги отпочнавме преговорите со Европската Унија. Неповратно ја зацврстивме и обезбедивме европската перспектива на Северна Македонија, со заштитен македонски идентитет и со признаен македонски јазик во ЕУ.

Претседателот Ковачевски посочи дека со равилните политики кои ги водеше Владата која ја предводеше тој но и со правилните политики на СДСМ, одреден е патоказот за подобра сегашност и за извесна и просперитетна иднина. Тој посочи дека сработеното е чекор напред во вистинскиот правец, и е чекор напред на нашиот зацртан пат на прогресот.

-Кога се има волја, и со напорна работа, нема недостижна цел, истакна претседателот Ковачевски во интервјуто за Локално.