Нов ефикасен систем на поддршка за земјоделците, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

По владината седница на која беше усвон нов модел за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој премиерот порача дека струја, греење и храна мора да има за сите.

-Имаме обврска да им помогнеме на земјоделците заеднички да ја пребродиме оваа криза, а за граѓаните да обезбедиме стабилно производство на храна, рече Ковачевски.

Новот модел, посочи, е креиран по европски терк, поефикасен е и прилагоден на предизвиците што ги донесе кризата. Нема намалување, туку, како што потенцираше, поефикасна распределба на средствата.

-Мораме да се осигураме дека домашното произвоство на храна е стабилно и ќе има доволно храна, дека ќе призведуваме доволно за дома, но и за извоз за јакнење на економијата, рече Ковачевски.