Во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесов во мое лично и во име на граѓаните поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина.

Како НАТО членка ќе продолжиме со поддршката и помошта.

Во разговорот особен фокус ставивме на развојот на настаните на воениот фронт и улогата која ОБСЕ може да ја има во можностите за прекин на војната. Му пренесов на претседателот Зеленски дека како премиер на земја претседавач со ОБСЕ во план е посета на Украина.