-Еднаш ја лажеше јавноста дека заради школувањето не служел војска, па после дека имал серија хируршки интервенции, па сега дека имал проблем со стомакот.
Што од сето ова е точно или сето ова е лага.
Единствено кое е вистина е дека дезертерот Ковачевски има тапија за трајна неспособност. Вистина е дека кога илјадници беа на првите редови на одбраната на суверенитетот на Македонија, Ковачевски избегнал служење на воен рок. Вистина е дека безочно ја лажеше јавноста и вистина е дека постојат основани сомненија дека трајната неспособност може е и деловна неспособност, што мора итно да се провери. Впрочем и во неговата партија веќе се сомневаат во него, па почнуваат да му даваат совети за ориентација.
Наместо да се пенави врескајќи и навредувајќи од говорници, Ковачевски треба да ја прифати вистината за тапијата за трајната неспособност и да дозволи да се провери дали таа влијае врз неговата можност на нормално вршење на премиерската функција, стои во партиското соопштение.