Тој кажа дека треба да се биде свесен дека цената нема да биде иста како годинава.
„Рестрикции ќе нема. Околу цената, имаме загарантирана цена со ЕВН хоме до крајот на декември. Во декември месец треба да направиме план и програма производство за следната година. Ќе се ориентираме на трошоците зголемени во однос на зголемена енергија на ресурси, репроматеријал, и ќе формираме цена која ќе ја доставиме до владата, и владата ни дава задолжение. Цената на електрична енергија ја одредува регулаторна комисија. Ние 33% учествуваме во цената. Ние ќе гледаме да одиме со најниска производна цена, но да бидеме свесни дека нема да одиме со истата цена оваа година. Ќе има покачување на цената, но не можам ниту јас ниту некој друг во колку проценти ќе биде“, изјави Ковачевски.