Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски објави видео на неговиот профил на Фејсбук во кое кажа дека ветувањата за покачување на платите се остварени.
Во видеото кое го објави Ковачевски се посочува дека платите во МВР, здравство и одбрана се зголемени за 5 отсто, додека платите во образованието скокнале за 7 отсто, а во образованието имало зголемување до 15 проценти.
-Уште во првите 100 дена од мандатот на мојата Влада, минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари. Покажуваме на дело што значи никој да не биде оставен сам, односно даваме поддршка за граѓаните и стопанството, вели Ковачевски.