Миликије Халими, поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ е назначена за нов извршен директор на државната компанија „Аеродроми на РСМ“, а на денешната прес-конференција премиерот застана во нејзина одбрана. Ковачевски вели дека таа е предложена и избрана за директорка на јавното претпријатие за аеродромски услуги врз основа на универзитетска диплома што ја приложила.

Аеродроми на РСМ управува со имотот на двата македонски аеродроми кои не се под концесија на ТАВ Македонија. Именувањето на Халими доаѓа откако до Надзорниот одбор беше доставена препорака без дополнително образложение со која се сугерира смена на Ангеловски и именување на Халими. Имено, таа имала завршено средно медицинско училиште.

Сепак и покрај средното медицинско училиште Ковачевски ја оправдува нејзината функција.

„Таа е избрана од страна на Надзорниот одбор и е избрана врз основа на критериуми кои што ги има јавното претпријатие за аеродромски услуги кое што е сепак едно мало претпријатие и врз основа на универзитетска диплома која што ја има таму поднесено. Таа е предлог на Владата врз основа на универзитетска диплома која што ја има и која универзитетска диплома ја имаат и други функционери кои извршуваат пратенички функции така натаму“ , рече премиерот Ковачевски по свеченоста по повод Националниот ден на осигурувањето.

До Надзорниот одбор на „АД Аеродроми“ пристигнала препорака без образложување дека Ангеловски треба да се разраши и да се назначи Халими.

Вреди да се напомене дека Халими пред една година стапила во Царинската управа како инспектор за истраги за економски криминал. Сепак, медиумските извештаи ја истакнаа загриженоста во врска со нејзиниот недостаток на потребни образовни квалификации за таква позиција.

Во друг развој на настаните, од овој месец за нов член на Управниот одбор на државното претпријатие „Аеродроми на РСМ“ е именуван Дејан Ковачев, сопруга на поранешната пратеничка Тања Ковачев.