Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Берлин беше пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц. По интонирањето на македонската и германската химна, Ковачевски и Шолц се упатија во владината зграда каде што ќе имаат средба и заедничка прес-конференција. Во состав на македонската делегација, која ја предводи премиерот Ковачевски, се и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

По заедничката прес-конференција, двете официјални делегации ќе имаат работна билатерална средба и вечера.