Во фокусот на разговорот со премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој гостува во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, е неговата средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одржана во средата. Лидерската донесе нова динамика на политичката сцена што продолжува да се чувствува во размената на пораки меѓу засегнатите табори, но за јавноста останува тешко да проценува дали заплетот ќе води кон расплет со враќање кон претходно ископаните ровови или е отворање пат за договор кој ќе значи донесување на уставните имени и влез на ВМРО-ДПМНЕ во владата. Дел од ова се обидуваме да одгатнеме во интервјуто со премиерот Ковачевски. Тој, меѓу другото, порачува: „Сметав дека треба да се понуди едно широко обединување на политичката сцена бидејќи процесот на евроинтеграции е широк, за сите граѓани, и затоа понудив ВМРО-ДПМНЕ да е дел од Владата … и тоа 50 проценти од министерските места што ги има СДСМ да ги отстапи на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека тоа е најфер, братски, пола-пола, за да може да види народот дека се работи за искрена намера“.