Димитар Ковачевски денеска зборуваше за полициската акција на МВР и на Обвинителството во Клиниката за онкологија за можни злоупотреби и наоди дека се продавале лекови на црниот пазар.
„Јас ја поддржувам акцијата која ја спроведуваат МВР и Обвинителството. Станува збор за грозни наоди, и кои не смеат да се случуваат, а за кои наоди сме слушнале во изминатите 20 години. Ова е првпат да биде спроведена ваква акција.
Апел да не се прави сензационизам и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, затоа што најголемиот дел се извонредни луѓе кои се грижат за здравјето на граѓаните. Секој криминал има свое име и презиме, има одговорности и задачата е да се обезбедат докази врз основа на кои ќе бидат идентификувани сторителите, а од Владата нема да има никакви интервенции за заштита за било кого, затоа што се грозни наоди кои се педмет на истрага.
Во медиумите, особено на социјалните медиуми се креира слика на вмешаноста на одредени лица зависност од нивната припадност. Ваков тип на криминал е мултиапртиски и мултиеетнички. Затоа ги повикувам обвинителството и МВР да ги идентификуваат можните сторители и затоа ја имаат поддршката од Владата“, рече Ковачевски.