За премиерот Димитар Ковачевски, враќањето на Никола Груевски во земјава е депласирана тема. Тој вели дека ако тие шпекулации биле точни, експремиерот веќе ќе бил дојден во државава, објави Фактор.

На прашањето за средба со поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев, и дали се создаваат заедно со ДУИ услови за да да влезе во живот аболицијата на екс претседателот Ѓорѓе Иванов и можно враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во земјава, на што наводно остро се противел Заев, премиерот Димитар Ковачевски со одговор дека немал состанок со поранешниот претседател на СДСМ, по состанокот кој го имаа на телото за стратегија во СДСМ, а за што имаше и јавна објава и фотографии од партијата.

„Не сум имал состанок со Заев од состанокот на тоа тело, каде што членуваат поранешни претседатели, секретари и слично, ниту пак сме имале состанок заедно со генералниот секретар. Во однос на актуелната тема, која што за мене не е ни актуелна да ви кажам најискрено, и во однос на враќање на поранешниот претседател на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, сметам дека тоа е депласирана тема, од аспект на тоа што прво, за него има потерница да се врати во Македонија, и тој треба да се врати, но треба да се врати за да се соочи со правдата, согласно македонските закони и она што е донесено од правосудните органи. Исто така, повторувам дека немам никаква комуникација со правосудните органи и сметам дека тие треба да работат независно, тоа може да ви го каже било кој судија, обвинител, раководител во судските инстанци, освен ако се сретнеме на некој настан, каде е нормално дека ќе се поздравите. И затоа сметам дека сите овие теми се интѕересни за слушање и за читање, но сметам дека нема основа за тие да бидат реална политичка дебата во државата“, рече Ковачевски.

Нагласи дека не може да толкува дела на никого, ниту судски одлуки, и ги упати новинарите да се обратат во судските органи.

„Ако е така како што вие кажувате, тогаш Груевски ќе се вратеше, но не е така“, рече Ковачевски.

На прашањето пак, дали поранешниот премиер Зоран Заев веќе се спрема за кандидат за претседател на државата, со оглед што зачестено се појавува во јавноста, Ковачевски со одговор:

„Прво јас не гледам причина зошто некој не би се појавил во јавност, а претходно извршувал високи државни и партиски функции. И дури за мене, е и позитивно доколку бивши претседатели, премиери или бивши пшретседатели на Собрание се појавуваат, бидејќи тоа се луѓе кои имаат искуство и знаење кое може да го споделат со полуитичарите, со деловната заедница и со граѓаните во однос на нивното гледање, или, па и, на пример, поранешниот претседател на Владата, кој формирал своја фондација, често пати гледаме дека донира финансиски средства за поддршка на најразлични групи на грашани, еве вчера на пример, донација за една институција“, рече премиерот.

Во однос на претседателските кандидати, дополни тој, СДСМ има дефинирана процедура во однос на дефинирање на претседателски кандидат и секој член на партијата кој ги исполнува критериумите, а тие се наведени во Статутот и во правилниците, може да биде кандидиран, или да се самокандидира, што се случувало во партијата во минатото, а потоа низ дебата од месните преку општинските органиозации до раководството, ИО и ЦО, се носи одлука за тоа кој ќе биде претседателски кандидат на партијата, се разбира и на коалицијата што ќе настапи на изборите.

„Процесот сеупште не е почнат, но сите кандидати имаат еднакви шанси би рекол во тој натпревар да ја добијат честа да бидат претседатрелски кандидат на СДСМ“, рече Ковачевски