И 48 часа после големата поплава која што го зафати Делчево, уште еднаш се покажува дека централната власт го заборави овој крај, изјави денеска Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Значи нема посета од ниту еден владин функционер на овој крај на Делчево, со што уште еднаш се докажува дека Социјалдемократскиот сојуз е кираџија во својата Влада, а Димитар Ковачевски е пионот кој што е поставен да ја менаџира истата.

Искажувам благодарност до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ односно на нашите градоначалници кои што први излегоа да им помогнат на граѓаните со својата механизација од јавните претпријатија.

Исто така искажувам благодарност затоа што ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници организираше помош, финансиска помош за граѓаните од овој крај на државата.

И така планираме да работиме и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ не ги дели општините на наши и на ваши, на вмровски и сдсмовски, рече Ковачки.