Фејсбук статус на Драган Ковачки, член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

-Ахмети повторно во негов стил. Овојпат од Тетово, продолжува со иредентистичка реторика за војната во 2001 и продолжува со зајадливи пораки кон Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека војна гледал само на ТВ.

Сега после повеќе од 20 години од конфликтот, откако сите јавно на видео снимки го видеа богатството и раскошот во кој ужива таканеречениот Командант, на сите им е јасно дека Ахмети ги злоупотребил жртвите од конфликтот за свое лично богатење.

20 години ја пљачкаат Македонија, 20 години газат Устав, газат закони, 20 години никој за ништо не одговорал и сега откако на цела меѓународна заедница веќе и’ е јасно дека Македонија нема напредок со ликови како Ахмети кои ги прегазило времето, повторно се навраќа на теми кои не носат просперитет туку ја поларизираат јавноста.

Очигледно е дека времето си го направило своето, па Ахмети како да заборавил дека Ковачевски е дезертерот што вадел лекарски потврди дека е неспособен да си ја брани државата.
Значи, Ковачевски е човекот што ја гледал војната на ТВ и веројатно навивал за УЧК да победи за да што побрзо се заврши (направете паралела, ќе видите дека и денеска исто постапува, но тоа е друга тема).
Оттука, лекциите за 2001 година Ахмети може да ги раскажува на дезертерите како Ковачевски. Таквите може и да му поверуваат, но не може да ни ги продава нам кои бевме учесници од 2001.
Очигледно е дека стравот од Христијан Мицкоски веќе се чувствува, па Ахмети мора да има изблици на национализам.

Некој мора да го запре тонењето и понижувањето на Македонија и некој мора да покрене циклус на инвестиции со кој ќе се подобри животот на сите граѓани без разлика на етничка, верска или било каква припадност.
Е затоа се плаши и напаѓа Ахмети, затоа што знае дека Христијан е човекот што ќе ја поведе во нова иднина и ќе ја извади Македонија од калта, а за него место во таа иднина ќе нема.